Xhejlan Halimi
Потпишан е колективен договор со претставниците на синдикатите, кој за прв пат носи структурно зголемување на платите за сите вработени во Државното правобранителство
Денес е ден со посебно значење за Државното правобранителство и за сите оние кои секојдневно придонесуваат за неговото функционирање.
Со убедувањето дека една силна институција се гради врз трудот и посветеноста на нејзините луѓе, преземавме конкретен чекор кој има за цел директно да ја подобри благосостојбата на нашите вработени.
Потпишан е колективен договор со претставниците на синдикатите, кој за прв пат носи структурно зголемување на платите за сите вработени во Државното правобранителство.
Договорот предвидува:
📌 7% зголемување на платите од март 2026
📌 7% зголемување на платите од март 2027
📌 7% зголемување на платите од март 2028
Овие не се само бројки, туку конкретен израз на почит кон секојдневниот труд, одговорноста и посветеноста што нашите вработени ја покажуваат во служба на државата и граѓаните.
Искрена благодарност до Владата на РСМ за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен процес.
Ова е одржлив чекор кон зголемување на мотивацијата, зајакнување на институцијата и подигнување на достоинството на секој вработен кој придонесува во Државното правобранителство.
Колективен договор на ДПРСМ
На следниот линк
Годишен план за 2026 година
На следниот линк
Александар Маринчевски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Роден 06.04.1971 година во Скопје
- Образование: Правен факултет со положен правосуден испит
Работно искуство:
- Од 19.02.1998 година до 01.09.2001 адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија
- Од 01.09.2001 до 03.09.2002-адвокат
- Од 03.09.2002 година Заменик Јавен правобранител на РМ за подрачје Скопје
- Од 20.08.2007 година Државен правобранител за подрачје Скопје
- Повторно избран на ден 12.04.2011 година со траен мандат.
Е-пошта: aleksandar.marinceski@dprsm.gov.mk


