м.г
Потпишан е колективен договор со претставниците на синдикатите, кој за прв пат носи структурно зголемување на платите за сите вработени во Државното правобранителство
Денес е ден со посебно значење за Државното правобранителство и за сите оние кои секојдневно придонесуваат за неговото функционирање.
Со убедувањето дека една силна институција се гради врз трудот и посветеноста на нејзините луѓе, преземавме конкретен чекор кој има за цел директно да ја подобри благосостојбата на нашите вработени.
Потпишан е колективен договор со претставниците на синдикатите, кој за прв пат носи структурно зголемување на платите за сите вработени во Државното правобранителство.
Договорот предвидува:
📌 7% зголемување на платите од март 2026
📌 7% зголемување на платите од март 2027
📌 7% зголемување на платите од март 2028
Овие не се само бројки, туку конкретен израз на почит кон секојдневниот труд, одговорноста и посветеноста што нашите вработени ја покажуваат во служба на државата и граѓаните.
Искрена благодарност до Владата на РСМ за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен процес.
Ова е одржлив чекор кон зголемување на мотивацијата, зајакнување на институцијата и подигнување на достоинството на секој вработен кој придонесува во Државното правобранителство.
Колективен договор на ДПРСМ
На следниот линк

