м.г
Ташко Дојчинов-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Гевгелија
- Роден 09.02.1977 година, во Гевгелија
- Образование: Правен факултет -„Јустинијан Први“ при УКИМ, со положен правосуден испит.
Работно искуство:
- 2002-2004 година,-приправник во Основен суд Гевгелија
- 2005-2018 година,-секретар во акционерско друштво
- 2018-2018 година,-раководител на Фонд за здравство-ПЕ Гевгелија
- 2018-2022 година,-Член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен-Скопје
- 2022 година, -Државен правобранител за подрачје Гевгелија
Е-пошта: tasko.dojcinov@dprsm.gov.mk
Мирослава Панорова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Гевгелија
- Датум на раѓање -21.03.1989 година, Гевгелија
- Образование: Дипломиран правник и Магистер од областа на граѓанското метеријално и процесно право при Универзитет ”Св.Кирил и Методиј” Скопје, Правен Факултет ”Јустинијан Први” Скопје, со положен правосуден испит и лиценца за медијатор.
Работно искуство:
- 2012-2013-Стажант во Основно јавно обвинителство Гевгелија
- 2014 година-Приправник во адвокатска канцеларија
- 2014-2016-Адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија
- 2016-2020-Службеник за правни работи
- 2018-2020-Медијатор
- 2020-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Гевгелија
Е-пошта: miroslava.panorova@dprsm.gov.mk
Татјана Донкова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струмица
На следниот линк
- Родена: 17.03.1969 година во Струмица
- Образование:
- 1992 година дипломира на Правен факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
- 1995 година положен Правосуден испит.
Работно искуство:
- 1992–1994 година – адвокатски приправник-волонтер во адвокатска канцеларија
- 1995 – 1997 година – самостоен адвокат
- 1997 – 2005 година – Секретар на Совет на Општина Василево
- 2005 – 2006 година – Советник за нормативно правни и општо стручни работи во Општина Василево
- 2006 – 2020 година – Советник за правни работи и застапување во Државно правобранителство на Република Македонија за подрачје Струмицаж
- Од 2020 – година – именувана за Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струмица.
Е-пошта: tatjana.donkova@dprsm.gov.mk
Бесим Весели-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Куманово
- Роден на 25.04.1985 во с.Липково, Куманово, основно и средно училиште има завршено во с.Липково, а правен факултет во Универзитет за југо-источна Европа, Тетово во 2009 година. Последипломски студии има завршено во Универзитет ФОН-Скопје насока Политички науки во фебруари 2011 година.
- На ден 31.07.2012 година е вработен во Секретаријат за рамковен договор при Влада на Република Македонија а на месец јуни 2013 направив трансфер-превземање во Министерство за надворешни работи-Сектор за НАТО.
- Во месец април 2014 година положил правосуден испит, а во ноември 2020 година со одлука на Влада на РСМ именуван за Државен правобранител на РСМ за подрачје Куманово
Е-пошта: besim.veseli@dprsm.gov.mk
Драган Јовановски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Куманово
- Роден на 02.01 1978 година во Куманово. Основно и средно образование завршив во Куманово, а правен факултет завршив во Скопје при универзитетот Кирил и Методиј во ноември 2000 година.
- По завршување на правен факултет од февруари 2001 година до октомври 2002 година работев како волoнтер приправник во Основен суд Куманово.
- Од октомври 2002 година до октомври 2004 година работел на определено работно верме како помлад судски соработник-приправник во Основен суд Куманово.
- Правосуден испит положил во октомври 2003 година.
- Од ноември 2004 година до септември 2005 година работел како соработник во адокатска канецеларија Куманово.
- Од септември 2005 година до 10 ноември 2020 година работел како судски соработник во Основен суд Куманово, после бил избран за државен правобранител за подрачје Куманово.
Е-пошта: dragan.jovanovski@dprsm.gov.mk
Валентина Јовановска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Куманово
- Родена на 14.01.1970 год во Скопје
- Образование: Правен факултет во Скопје со положен правосуден испит на 24.06.1996 год.
Работно искуство:
- адвокатски приправник од 01.07.1993 до 01.08.1994 год. и од 01.09.1996 год. до 01.12.1996 год. кај адвокат Славе Илиевски во Куманово
- Од 01.09.1998 год. до 2003 год. стручен соработник во Јавното правобранителство за подрачје Куманово
- од 2003-2008 год советник во Јавното правобранителство за подрачје Куманово
- од 02.12.2008 год со Решение на Влада на Република Македонија бр.33-6418/ именувана за Државен правобранител за подрачје Куманово со траен мандат.
Е-пошта: valentina.jovanovska@dprsm.gov.mk
Лидија Бошкова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Кавадарци
- Родена на 05.1970 во Кавадарци.
- Образование:
- Основно и средно образование завршува во Кавадарци.
- Дипломира 1993 година на УКИМ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, а во 1999 година има положено Правосуден испит.
- Во Февруари 2022 година магистрира на УКИМ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, на тема ”Државата како наследни” и станува магистер по граѓанско материјално и процесно право.
Работно искуство:
- Од 01.11.1995-31.08.1997 година волонтер во Основен суд Кавадарци
- Од 01.09.1997-30.06.2001 година вработена како правник-правен застапник во ФЕНИМАК ДОО Скопје
- Од 01.07.2001-11.04.2011 година вработена како правник-правен застапник во ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци, Сектор Генерална Дирекција.
- На 12.04.2011 година именувана за Државен правобранител на РСМ за подрачје Кавадарци, со траен мандат.
- Учествувала на тематски советувања, обуки, семинари, домашни и меѓународни конференции во организација на ЕУ-Фонд за развој на човечки ресурси, УСАИД, Академија за судии и јавни обвинители, Државно правобранителство на РСМ.
- Активно се служи со англиски јазик (конверзација, пишување и читање)
- Француски јазик основни познавања.
Е-пошта: lidija.boskova@dprsm.gov.mk





