м.г
Кристина Грозданоска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
-
- Кристина Грозданоска е родена на ден 17.07.1986 година во Скопје.
- Обрзование: Дипломирала на Правен факултет ”Јустинијан Први” во Скопје, каде и завршува магистарски студии.
- Во 2013 година положила Правосуден испи.
Работно искуство:
- Во ноември 2020 година именувана е за Државен правобранители за подрачје Скопје, со траен мандат
- април 2014 година-ноември2020 година работи како Адвокат
- март 2010-април 2014 година-стручен соработник во адвокатска канцеларија
- октомври 2008 година-волонтер во Апелационен суд Скопје.
Е-пошта: kristina.grozdanovska@dprsm.gov.mk
Елена Саздовска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена во Скопје, на ден 10.10.1983 година, средно образование завршува во 2002 година во Д.С.Е.П.У.„Васил Антевски-Дрен“ -Правна насока, во 2007 година дипломира на Универзитет Св.Кирил и Методиј-Правен Факултет-Јустинијан I-Скопје-Правни студии, во 2012 година положува Правосуден испит.
Работно искуство:
- ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ
- Од 15.01.2008 година дo 22.06.2009 година волонтер во Основно јавно обвинителство Скопје
КРОАЦИЈА ОСИГУРВАЊЕ
- АД Друштво за неживотно осигурување Скопје
- Од 01.07.2009 година до 09.11.2020 година
- Референт за решавање на штети од 2009 година до 2010 година
- Секретар за правни општи и кадрови работи од 2010 година до 2020 годинаВо текот на своето работење во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје од страна на компанијата е делегирана за член на Комисија на Гарантен фонд при Национално биро за осигурување, па потоа член на Собрание на Национално биро за осигурување.
- Во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје ги вршела следните работи: решавање на оштетни побарувања од штетни настани по сите класи на осигурување, водење на регресни постапки, склучување на вонсудски спогодби за вонсудска наплата на регресен долг, решавање на предмети по пристигнати приговори по штети, застапување на суд по оштетни побарувања, застапување на суд по кривични предмети (осигурителни измами), претставник на вработените за безбедност и здравје при работа (спроведување на цела постапка за безбедност и здравје при работа), вршење на работи од областа на работните односи од засновање до претанок на работен однос на вработените во компанијата, изготвување на правни мислење во однос на правното работење на компанијата, изготвување на договори за предметното работење на компанијата, изготвување на Одлуки и материјали од одржана седници на Одбор на директори, изготвување на Одлуки и материјали од одржано Собрание на акционери, спроведување на постапки согласно Законот за супервизија на осигурување и Законот за трговските друштва (спорведување на постапка за измена на Статут на компанијата, спроведување на постапка за отповикување и именување на ченови на Одбор на директори, водење на цела постапка за добивање на согласност за именување на Извршен член на Одбор на директори, спроведување на постапка за добивање на согласност за именување на независен ревизор, спроведување на постапки за организирање и бришење на подружници на компанијата), спроведување на постапка за зголемување на основната главнина на компанијата, усогласување на работењето на компанијата согласно законската регулатива, изготвување на акти за внатрешното работење на копманијата на согласно позитивните законски прописи, следење на законските измени и нивно имплементирање, офицер за заштита на лични податоци (изготвување на целокупна документација во однос на Заштитата на личните податоци ) и вршење на контрола во однос на тоа дали вработените истите ги применуваат, вложување на жалби по спроведена постапка за јавни набавки.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- Работно место: Државн правобранител за подрачје Скопје oд 10.11.2020 година и сеуште именувана со Одлука на Влада.
Обуки и здобиени сертификати:
- Обука за млади менаџери-десет неделен семинар
- Обука за офицер за зашита на лични податоци
- Обука за компјутери
- Обука во областа на работните односи
- Обука во областа на парнична постапка
- Обука во областа на јавните набавк
- Посетени обуки во областа на осигурувањето
Е-пошта: elena.sazdovska@dprsm.gov.mk
Лепосава Веноска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена на: 26.03.1980 година, во Скопје.
- Образование: Дипломиран правник на правниот факултет Јустинијан I, со положен правосуден испит.
Работно искуство:
- Во периодот од 04.05.2006 година до 20.12.2011 година-адвокат во Адвокатско друштво
- Во период од 21.12.2011 година до декември 2020 година-Виш судски соработник во Управниот суд и овластено лице за јавни набавки.
- На 10.11.2020 година именувана за Државен правобранител за подрачје Скопје со траен мандат.
Е-пошта: leposava.venoska@dprsm.gov.mk
Катерина Караколева Менис-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена е во Штип каде завршува основно и средно образование.
- Во 2003 година дипломира на правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Во 2006 година положила правосуден испит.
- Во 2016 година магистрира на правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно искуство:
- 2006 – 2025 година вработена во Министерство за труд и социјална политика.
- 2006 – 2009 Сектор за правни и нормативни работи
- 2009 -2025 Сектор за водење на прекршочна постапка
- Со овластување претседател на прекршочна комисија од областа на безбедност и здравје при работа , со повеќе мандати.
- Со овластување претседател на прекршочна комисија од областа на работните односи од 2023 година до 31.12.2024 година кога согласно на Законот за организација и работа на органите на државната управа, секторот за водење на прекршочна постапка преминува во Министерство за економија и труд.
На 20.05.2025 година со одлука на Влада на РСМ е именувана за Државен правобранител за подрачје на град Скопје, со траен мандат.
Надежда Ѓоревска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга
- Датум на раѓање 24.11.1963 година, во Струмица. Дипломирала на правен факултет во Скопје, на ден 06.06.1994 година, со што се стекнала со диплома од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ Скопје, како дипломиран правник. Правосуден испит положила на ден 11.06.1997 година, а од 15.07.1998 година, со склучен договор за работа вработена како самостоен стручен соработник во Јавното правобранителство-Струга. После што се стекнува со статус советник, а од 11.05.2006 година, со Одлука на Влада именувана за Заменик јавен правобранител за Струга, а од 07.12.2010 година, со Одлука на Влада именувана за Државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје Струга, која функција ја обавува и денес.
Е-пошта; nadezda.gjoreska@dprsm.gov.mk
Катерина Талевска Скепароска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга
- Катерина Талевска Скепароска е родена на 22.02.1988 година во Струга. Своето образование го стекнува на Правниот Факултет при Фон унивезитетот во Струга на насока Правосудство и внатрешни работи каде што ги завршува и своите постдипломски студии при истиот факултет.
- Специјализира на темата ”Убиството во Струшкиот регион во периодот 2007-2009 година,” , а магистрира на темата ”Државјанството како точка на врзување за регулирање на семјни и наследни односи со странски елемент”.
- Правосудниот испит го полага во 2014 година во Скопје.
Работно искуство:
- 2011 – 2014 Адвокатски соработник-Адвокат Владимир Стојкоски
- 2014 – 2016 Проектен координатор-Фондација отворено општество Македонија
- 2016 – 2020 Проектен координатор-Центар на заедницата на општина Струга
- Со одлука на Владата на Република Северна Македонија од 10.11.2020 година е именувана за Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга .
Публикации:
- Чекор по чекор низ постапките на општината
- Граѓански буџет на општина Струга
- Активна транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во фунцкија на намалување на корупцијата
Е-пошта : katarinatalevska.skeparoska@dprsm.gov.mk
Астрит Селими-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга
- Роден на 16.07.1981 година.
- Завршено Високо образование на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што се стекнав со стручен назив дипломиран правник. Дипломирав на ден 10.04.2007 година
- На 18.02.2015 година, успешно го положив нотарскиот испит пред Министерството за правда, а на 09.03.2016 година, го положив правосудниот испит.
Работно искуство:
- Во периодот од 02.05.2008 година, до 10.12.2015 година, бев вработен како правник во Јавното претпријатие МЈП „Проаква„ Струга, потоа како правник бев вработен во приватна фирма се до моето именување за Државен правобранител на Република Северна Македонија, за подрачје Струга.
- Со решение број 14-2462/1 од 13.02.2024 година, на Владата на Република Северна Македонија, именуван сум за Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга, функција што активно ја обавувам и денес.
Е пошта: astrit.selimi@dprsm.gov.mk
Даниела Диванисова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Кочани
- Родена во Скопје 1978 година, основно и средно образование завршува во Свети Николе.
- 2004 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при УКИМ Скопје.
- 2006 година положува Правосуден испит во Министерството за правда, истата година се вработува во извршителска канцеларија Кочани како помошник извршител се до 2012 година.
- Со Одлука на Влада на РМ во Мај 2012 година, е именувана за Државен правобранител за подрачје Кочани, со траен мандат.
Е-пошта: daniela.divanisova @dprsm.gov.mk
Благојчо Стоименов-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Кочани
- Роден 16.04.1965 во Кочани
- Живе во село Зрновци општина Зрновци
Дипломирал на правен факултет во Скопје во 1992
- Работел како судски приправникво Општински Суд Кочани
- 1997 година стручен соработник по положување на правосудниот испит.
- 02.12.2008 година Државен правобранител за подрачје Кочани-со траен мандат
Е-пошта: blagojco.stoimenov@dprsm.gov.mk






