Државни правобранители
Саша Станчевски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Роден на 11.05.1961 година во Скопје.
- Образование: Правен факултет-правосудна насока, со положен правосуден испит
Работно искуство:
- Од 1990 година до 2008 адвокат
- Од 02.12.2008 Државен правобранител за подрачје Скопје, со траен мандат.
Е-пошта: sasha.stanchevski@dprsm.gov.mk
Александар Маринчевски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Роден 06.04.1971 година во Скопје
- Образование: Правен факултет со положен правосуден испит
Работно искуство:
- Од 19.02.1998 година до 01.09.2001 адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија
- Од 01.09.2001 до 03.09.2002-адвокат
- Од 03.09.2002 година Заменик Јавен правобранител на РМ за подрачје Скопје
- Од 20.08.2007 година Државен правобранител за подрачје Скопје
- Повторно избран на ден 12.04.2011 година со траен мандат.
Е-пошта: aleksandar.marinceski@dprsm.gov.mk
Златко Узуноски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Роден 20.04.1961 година во Прилеп
- Образование: Правен факултет со положен правосуден испит
Работно искуство:
- Од 2002 до 2003 година стручен соработник во Основен суд Скопје
- Од 2003 до 2009 советник за правни работи во Државно правобранителство на Република Македонија за Скопје
- Од 02.12.2008 година е Државен правобранител за подрачје Скопје, со траен мандат
Е-пошта: zlatko.uzunoski@dprsm.gov.mk
Лидија Штерјова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Датум на раѓање: 07.12.1967 година
- Место на раѓање: Скопје
- Образование:
- Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје,
- Правен факултет “Јустинијан први“-дипломирана 1993 година
- Правосуден испит положен 1998 година
Работно искуство:
- од 2000- 2002 година стручен соработник во Јавното правобранителство
- од 2002-2004 година соработник во Јавното правобранителство
- од 2004-2010 година советник за правни работи и застапување во граѓанска постапка
- од 2010 – 2012 година раководител на одделение за организациски развој и обуки во Државното правобранителство
- 12.2012 година – Државен правобранител за подрачје Скопје
Е-пошта: lidija.sterjova@dprsm.gov.mk
Зоран Петковски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Датум и место на раѓање: 25.02.1967 година во Кратово, оженет е со Тамара со која имаат два сина.
- Образование:Основно и средно училиште завршува во Кратово, Дипломирална Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и положил Правосуден испит а е Магистрант по Граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно искуство:
- На 01.06.1992 година дипломиран правник за излагање во Републичка геодетска управа,
- 1996 година директор на приватно претпријатие
- 1997 година дипломиран правник во Министерство за правда,
- 1998 година адвокатска канцеларија,покасно запишан во именикот на адвокатите на РМ
- 2002 година во Министерство за одбрана
- 2005 година во Центар за управување со кризи
- 10.2012 година со Одлука на Владата е именуван за Државен Правобранител за подрачје Скопје со траен мандат
- Дополнително усовршување: NATO школа за правни советници во Оберамергау Република Германија, Школа за јавна администрација организирана од Секретаријатот за европски прашања на тема креирање и реализирање на политики,Обука за номотехника, Обука за трансверирање на законодавството на ЕУ, Изучување на Англискиот јазик и усовршување на работа со компјутери, Microsoft office word, Microsoft office exel, и сл. како дел од обуката за раководни државни службеници и други семинари, обуки и усовршувања -Се користи и го владее англискиот јазик
Е-пошта: zoran.petkovski@dprsm.gov.mk
Фитим Касапи-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
Фитим Касапи е роден во Тетово во 1964 година каде и завршил основно училиште. Средно Гиманзија има завршено во Дебар, каде и живеел. Во 1987 година завршил Правен факултет , а првото вработување со договор на дело како Професор по правни предмети во Гимназијата во Дебар во времетраење од две години. Во 1982 се вработува како приправник во Општинскиот суд во Дебар, каде во 1995 во Скопје полага правосуден испит. Од 1995 година се унапредува во стручен соработник при овој суд по полагање на правосудниот испит. Од Ноември 2000 година до месец Април 2005 ја извршува функцијата Секретар на Општина Дебар, каде во месец јули 10.07/2005 година е изабран за Судија на Основниот суд во Дебар.на ден 07.12/2007 година до месец Декември 2011 година ја извршува функцијата Претседател на судот. А во периодот од месец Септември 2012 до јануари 2019 работи како приватен адвокат во Дебар,за Државен Правобранител на РСМ за подрачјето Скопје е изабран во текот на месец фебруари 2019 која функција ја извршува до ден денес.
Е-пошта: fitim.kasapi@dprsm.gov.mk
Вишња Младеновска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Д-р Вишња Младеновска е родена на 18.7.1978 година во Скопје. Дипломирала во 2001 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје-Правен Факултет “Јустинијан Први ‘‘во Скопје, а во 2003 година го положила Правосудниот испит.
- Во 2009 година станува Магистер на правни науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје – Правен Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, а во 2020 година и Доктор на правни науки на Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј” -Правен Факултет ”Јустинијан Први” во Скопје. Магистрирала на темата ”Одговорност за надомест на штета сторена при работа или во врска со работата”, а докторирала на темата “Економските и социјалните права помеѓу нормата и реалноста”.
- Од 2001 година до 2011 година, работи во Макпетрол АД-Скопје во Дирекцијата за правни работи и човечки ресурси.
- Во 2011 година е именувана за Државен правобранител за подрачје Скопје во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
Автор е на книгите:
- ,,Одговорност за штета со посебен осврт на штетата сторена при работа и во врска со работата‘‘ 2011 година.
- ,,Економските и социјалните права помеѓу нормата и реалноста” 2020 година.
Е-пошта: visnja.mladenovska@dprsm.gov.mk
-д-р Симона Зориќ-Ристова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена во Тетово 1978 година каде завршува основно и средно образование, 2002 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при УКИМ, истата година се вработува како приправник во Основен суд Тетово, а во 2004 година положува Правосуден испит во Министерството за правда.
- Од 2005 година до 2009 година вработена е како стручен соработник во Основен суд Тетово.
- Од 2009 година до 2019 година вработена е како Виш судски соработник во Врховниот суд на Република Северна Македонија каде работи во Одделот за управни спорови, Оддел за граѓански дела и во Одделот за судење во разумен рок.
- Во 2010 година магистира на Правниот факултет „Јустинијан I“ на УКИМ од областа на управното право.
- На 05 февруари 2019 година со Одлука на Владата на РСМ е именувана за Државен правобранител на РСМ за подрачје Скопје.
- Во 2020 година докторира на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ каде се здобива со звање доктор на науки.
- Со одлука Бр.02-317/1 од 27.04.2023 назначена е за Заменик на Државен правобранител на Република Северна Македонија и постапување по предмети од раководење и управување со Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
- Има објавено научни трудови од областа на управното право.
- Објавена книга 2012 година „Дисциплинска и материјална одговорност на државните службеници со посебен осврт во Македонија“
- Посетувала и учествувала на трибини, обуки,семинари организирани и спроведени од страна на Судот за човекови права во Стазбур, ОБСЕ, ОДИХР, Амбасадата на САД, Академија за судии и јавни обвинители.
- Сопруга и мајка на малолетно дете.
- Се користи и го владее англискиот јазик.
Е-пошта:simonazorik.ristova@dprsm.gov.mk
Земиле Кодра-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена на 4 јануари 1984 година во Скопје
- Образование: дипломиран правник од 07.11.2007 на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, Правен факултет„Јустиниан Први”-Скопје
-21 Декември 2010 година положила правосуден испит |
Уверение за положен правосуден испит”
-23 Јануари 2012 година положила нотарски сипит Уверение за положен ноатрски испит -Март, 2013 година Универзитет „ Св. Кирил и Методиј„-Скопје, Правен факултет „ Јустиниан Први”-Скопје-Постдипломски студии-Кривично правна насока – Октомври, 2021 Универзитет „Св. Кирил и Методиј„-Скопје, Правен факултет„ Јустиниан Први”-Скопје-Постдипломски студии-Управно правна насока Движење на кариера: – Август, 2008-Март до 2010 година, Министертсво за животна средина и просторно планирање на РСМ Советник за протокол и односи со јавност –Март, 2010 година до Ноември 2020 година, Вишо јавно обвинителство Скопје Јавно обвинителски стручен соработник -Ноември, 2020 година-Државен правобранител за подрачје Скопје со траен мандат Е-пошта: zemile.kodra@dprsm.gov.mk |
Јована Василевска Мициќ-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена во Скопје 1984 година.
- Средно образование завршува во гимназијата; ”Јосип Броз Тито” по што е запишува на Правниот факултет Скопје ”Јустинијан I” на тој дипломира во 2006 година. Истата година започнува да валонтира во Основниот граѓанскиот суд Скопје.
- Во 2007 година се вработува како правник во ДПТУ ”Пекабеско АД” Скопје, каде е вработена до август 2009 година, како е вработена судски соработник во управниот суд Скопје, во кој е вработена до нејзиното именување за Државен правобранител за подрачје Скопје, во февруари 2019 година.
- Правосуден испит положила 23.02.2009 година, положила и нотарски испит.
- Зборува англиски јазик.
Е-пошта: jovanavasilevska.micikj@dprm.gov.mk