м.г
Досегашни Правобранители на Република Северна Македонија
До 2023 год. Досегашни Правобранители на Република Северна Македонија биле: | |
– 1963 | Јавен Правобранител на Република Македонија ЈОВАН ДУКОВСКИ |
1963 – 1975 | Јавен Правобранител на Република Македонија ТРАЈКО НИКОВ |
1975 – 1984 | Јавен Правобранител на Република Македонија АЛЕКСАНДАР КРСТЕВСКИ-ЈУЛСКИ |
1984 – 1987 | Јавен Правобранител на Република Македонија ЈОРДАН ЈОРДАНОВСКИ |
1987 – 1998 | Јавен Правобранител на Република Македонија ЈОРГО ХАЏИ СТЕРЈО |
1998 – 1999 | Јавен Правобранител на Република Македонија ПАВЛЕ МАРКОВ |
1999 – 2003 | Јавен Правобранител на Република Македонија ПЕТАР СТОИЛОВ |
2003 – 2006 | Јавен Правобранител на Република Македонија ЗОЈА ЛЕГА СТАНОЕВСКА |
2006 – 2013 | Државен Правобранител на Република Македонија ОЛИВЕРА КИТАНОВА – МИЦЕВСКА |
2013 – 2018 | Државен Правобранител на Република Македонија НАСЕР ХАЈДАРИ |
2018 –2022 | Државен Правобранител на Република Македонија ФЕХМИ СТАФА |
2023- | Државен Правобранител на Република Северна Македонија АГРОН РЕЧИ |
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
- За првпат Јавното правобранителство е основано како институција. Според одредбите на Законот за Јавното правобранителство од 1955 година , Јавното правобранителство во поглед на имотните права и обврски ја застапува пред судовите и другите државни органи Федеративна Народна Република Југославија, народните републики, автономите единици, околините и општините, установите што имаат својство на правно лице, а се финансираат од Буџетот, како и Фондовите што ги основале државните органи, а има својство на правно лице врши и други со Закон определени права и должности.Со законот донесен на 01.01.1998, Јавното правобранителство се основа како служба на Владата на Република Македонија која превзема со Законот определени мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши и други права утврдени со Закон.Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители во Државното правобранителство. Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
- Според одредбите на Законот за Државното правобранителство на Република Македонија (во натамошниот текст: Државното правобранителство) е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг Закон. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, Законот и ратификуваните меѓународни договори.
- Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Државниот правобранител) и Државните правобранители во Државното правобранителство ( во натамошниот текст : Државните правобранители).
- Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Северна Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Северна Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
- Владата на Република Северна Македонија по предлог на Државниот правобранител со Одлука го определува бројот на Државните правобранители и донесува Одлука со која го утврдува седиштето на Државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши Државноправобранителската функција.Табеларен преглед на работните места во Државно Правобранителство на Република Северна Македонија.