ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
- За првпат Јавното правобранителство е основано како институција. Според одредбите на Законот за Јавното правобранителство од 1955 година , Јавното правобранителство во поглед на имотните права и обврски ја застапува пред судовите и другите државни органи Федеративна Народна Република Југославија, народните републики, автономите единици, околините и општините, установите што имаат својство на правно лице, а се финансираат од Буџетот, како и Фондовите што ги основале државните органи, а има својство на правно лице врши и други со Закон определени права и должности.Со законот донесен на 01.01.1998, Јавното правобранителство се основа како служба на Владата на Република Македонија која превзема со Законот определени мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши и други права утврдени со Закон.Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители во Државното правобранителство. Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
- Според одредбите на Законот за Државното правобранителство на Република Македонија (во натамошниот текст: Државното правобранителство) е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг Закон. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, Законот и ратификуваните меѓународни договори.
- Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Државниот правобранител) и Државните правобранители во Државното правобранителство ( во натамошниот текст : Државните правобранители).
- Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Северна Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Северна Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
- Владата на Република Северна Македонија по предлог на Државниот правобранител со Одлука го определува бројот на Државните правобранители и донесува Одлука со која го утврдува седиштето на Државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши Државноправобранителската функција.Табеларен преглед на работните места во Државно Правобранителство на Република Северна Македонија.