Вишња Младеновска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Д-р Вишња Младеновска е родена на 18.7.1978 година во Скопје. Дипломирала во 2001 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје-Правен Факултет “Јустинијан Први ‘‘во Скопје, а во 2003 година го положила Правосудниот испит.
- Во 2009 година станува Магистер на правни науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје – Правен Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, а во 2020 година и Доктор на правни науки на Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј” -Правен Факултет ”Јустинијан Први” во Скопје. Магистрирала на темата ”Одговорност за надомест на штета сторена при работа или во врска со работата”, а докторирала на темата “Економските и социјалните права помеѓу нормата и реалноста”.
- Од 2001 година до 2011 година, работи во Макпетрол АД-Скопје во Дирекцијата за правни работи и човечки ресурси.
- Во 2011 година е именувана за Државен правобранител за подрачје Скопје во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
Автор е на книгите:
- ,,Одговорност за штета со посебен осврт на штетата сторена при работа и во врска со работата‘‘ 2011 година.
- ,,Економските и социјалните права помеѓу нормата и реалноста” 2020 година.
Е-пошта: visnja.mladenovska@dprsm.gov.mk