Андријана Сливоска
- ДАТУМ НА РАЃАЊЕ: Родена на 24.09.1962 година во Скопје.
- ОБРАЗОВАНИЕ: Дипломиран правник од 1985 година на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Правен факултет со положен правосуден испит во 1992 година.
РАБОТНО ИСКУСТВО:
- од 01.08.1989 година вработена во Јавното правобранителство на Град Скопје, како стручен соработник
- Од 01.10.1996 година превземена во Јавното правобранителство на Република Македонија како стручен соработник.
- Од 24.03.2005 година работи како Советник за правни работи и застапување во граѓанска постапка во Јавното правобранителство на Република Македонија.
- Од 01.01.2009 година работи како Советник за селекција и вработување на државни службеници во Одделение за управување со човечки ресурси во Јавното правобранителство на Република Македонија
- Од 15.03.2010 година е на работно место Државен советник во Државното правобранителство на Република Македонија
- Од 22.11.2018 година до 26.08.2022 година назначена за Генерален секретар во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
- Од 26.08.2022 година Државен советник за општи и заеднички работи во Државното правобранителство на Република Северна Македонија
- Од 25.09.2023 година назначена за Генерален секретар во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
- Од 2009 година до 2015 година член на Управен одбор на Агенцијата за управување со одземен имот како претставник на Државното правобранителство на Република Македонија
- Учесник на Првата национална конференција на Државните правобранителства пред националните судови одржана во Република Словенија во 2021 година.
- Учесник на прва остварена билатерална средба со Правосудниот застапник на Република Франција
- Учесник на билатерална средба со Државниот правобранител на Република Србија.
- Учесник на прва остварена билатерална средба со Државниот правобранител на Република Италија
- Е-пошта: andrijana.slivoska@dprsm.gov.mk