Сузана Костова-Коцева-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Кавадарци
- Родена на 104.1972 во Кавадарци каде завршува основно и средно образование.
- Дипломира на УКИМ во Скопје на Правниот факултет ”Јустинијан први” Скопје во 1996 година, веднаш започнува со волонтирање во Основниот суд Кавадарци и во 1999 година има положено Правосуден испит.
- Од 01.10.2000-15.10.2002 година работи како адвокат во Скопје
- Од 16-10.2002-16.09.2007 година вработена на работно работно место стручен соработник во Основен суд Кавадарци.
- Од 17.09.2007 година до 09.11.2020 година унапредена во Раководител на судска служба-Секретар на судот во Основен суд Кавадарци.
- Во 2017 година магистрира на тема ”Притворот како мерка или казна според новиот Закон за кривична постапка”
- На 10 ноември 2020 година со Одлука на Владата на РСМ е именувана за Државен правобранител на РСМ за подрачје Кавадарци, со траен мандат.
- Има објавено свој труд на тема Правно уредување на притворот во Република Македонија.
- Посетувала и учествувала на повеќе национални семинари и работилници на тема Независно судство, Администрација и менаџмент, Судска пракса на Европскиот суд за човекови права, архивско и канцелариско работење и др. а исто така учествувала и на неколку Меѓународни конференции, поврзани со Независноста на судството, организирани од УСАИД ОБСЕ, Академија за судии и јавни обвинители.
- Го користи и владее Англискиот јазик.
Е-пошта: suzanakostova.koceva@dprsm.gov.mk