Мирко Велјановски-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга
- Роден сум на 27.03.1963 год. во Струга. Татко сум на три полнолетни деца.
- Втор степен студии на Правниот факултет-правосудна насока завршив на 27.04.1989 год. По дипломирање во периодот од 19.03.1990 до19.03.1992 год. како приправник во Општинскиот суд Струга, стручно се оспособував во сите одделенија: граѓанско, вонпарнично, извршно, кривично и предвидената програма за стручно оспособување со успех ја завршив.
- Од 11.02.1992 год. се вработив на неопределено време во Акциенерското дружтво за преработка на пластични маси и производи од стаклопластика ”Полипласт” Струга. Распореден бев на работно место Секретар на служба за заеднички и општи работи на АД, и ги координирав обавував сите административни и правни работи. Дружтвото го застапува во сите судови во Републикава без оглед на вредноста на предметот на спорот во судските постапки, и пред другите државни органи и институц. На 22.04.1996 год. го положив Правосудниот испит пред испитната Комисија на Министрество за правда.
- Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 01.12.2023 год. под реден број 1809 запишан сум во Именикот на адвокати. Адвокатурата како дејност ја обавув до изборот за Заменик Јавен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга со Решение на Влада на Република Македонија број 33-6511/1 од 19.12.2006 год. Со решение број 23-4506/1 од 29.05.2012 год. на Влада на Република Северна Македонија именуван сум а Државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Струга, која функција ја обавам и денес.
Е-пошта; mirko.veljanoski@dprsm.gov.mk