-д-р Симона Зориќ-Ристова-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Скопје
- Родена во Тетово 1978 година каде завршува основно и средно образование, 2002 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при УКИМ, истата година се вработува како приправник во Основен суд Тетово, а во 2004 година положува Правосуден испит во Министерството за правда.
- Од 2005 година до 2009 година вработена е како стручен соработник во Основен суд Тетово.
- Од 2009 година до 2019 година вработена е како Виш судски соработник во Врховниот суд на Република Северна Македонија каде работи во Одделот за управни спорови, Оддел за граѓански дела и во Одделот за судење во разумен рок.
- Во 2010 година магистира на Правниот факултет „Јустинијан I“ на УКИМ од областа на управното право.
- На 05 февруари 2019 година со Одлука на Владата на РСМ е именувана за Државен правобранител на РСМ за подрачје Скопје.
- Во 2020 година докторира на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ каде се здобива со звање доктор на науки.
- Со одлука Бр.02-317/1 од 27.04.2023 назначена е за Заменик на Државен правобранител на Република Северна Македонија и постапување по предмети од раководење и управување со Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
- Има објавено научни трудови од областа на управното право.
- Објавена книга 2012 година „Дисциплинска и материјална одговорност на државните службеници со посебен осврт во Македонија“
- Посетувала и учествувала на трибини, обуки,семинари организирани и спроведени од страна на Судот за човекови права во Стазбур, ОБСЕ, ОДИХР, Амбасадата на САД, Академија за судии и јавни обвинители.
- Сопруга и мајка на малолетно дете.
- Се користи и го владее англискиот јазик.
Е-пошта:simonazorik.ristova@dprsm.gov.mk